Е. Пелистер вечерва против германски Гумерсбах ќе ја бара првата европска победа

0

Ракометарите на Е. Пелистер вечерва (20.45 ч.) ги очекува сериозен предизвик во Европската лига на ЕХФ. Во Битола гостува германскиот Гумерсбах, екипа од најсилната ракометна лига во светот, а битолчани ќе се обидат да ја остварат првата победа во групната фаза и да ги задржат шансите за пласман во следната рунда.

По три одиграни кола, македонскиот шампион има само еден освоен бод. Пред натпреварот, младиот кружен напаѓач Самоил Ристевски, посочи дека екипата не треба да чувствува дополнителен притисок, туку да го даде максимумот пред домашната публика.

„Мислам дека не треба да си ставаме никаков притисок за овој натпревар. Тука, во нашата сала, пред наши гледачи, ние секогаш ќе го даваме нашиот максимум и секако дека се стремиме кон најдобар можен резултат против екипата на Гумерсбах. Оваа екипа игра во најсилната лига на светот. Мислам дека се и еден од најдобрите тимови во таа Бундеслига. Имаат многу повеќе добри отколку лоши страни, но секако дека ние ќе пробаме да ги извлечеме тие лоши страни и да пробаме да ги искористиме максимално за натпреварот. Дојдете во што поголем број, тоа многу ни значи и ветувам игра на победа против Гумерсбах“, вели Ристевски.

Претходно„Лалињата“ доживеаја историски дебакл каков не паметат 70 години