Денеска низ улиците на Скопје се одржа 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој оваа година се натпреваруваа рекордни 15.050 учесници од 63 земји.
Победник на овогодинешниот маратон е Дерик Нчороге од Кенија (2:12:56 час), зад него на второто место заврши Едвин Косгеи (Кенија), додека третото место му припадна на нашиот Дарио Ивановски, кој трката ја заврши со време 2:13:49 час.
Во женска конкуренција победи Долфин Ниагака од Кенија (2:32:06 час) пред нејзините сонароднички Мерси Кипкемои и Естер Какури. Од македонските атлетичари Андријана Поп Арсова Рашиќ заврши на четвртото место, оствари време од 2:49:37 часа.
Маратон – мажи
1.Дерик Нчороге (Кенија) 2:12:56 час.
2.Едвин Косгеи (Кенија) 2:13:21 час.
3.Дарио Ивановски (Македонија) 2:13:49 час.
8.Жан Тосев (Македонија) 2:28:33 час.
10.Александар Арсов (Македонија)2:39:17 час.
Маратон – жени
1.Долфин Ниагака (Кенија) 2:32:06 час.
2.Мерси Кипкемои (Кенија) 2:39:40 час.
3.Естер Какури (Кенија) 2:40:19 час.
4.Андријана Поп Арсова Рашиќ (Македонија) 2:49:37 час.
Полумаратон – мажи
1.Кенеди Роно (Кенија) 1:05:27 час.
2.Хилари Кимаијо (Кенија) 1:06:12 час.
3.Џон Куриа (Кенија) 1:07:00 час.
4.Муџахид Мислими (Македонија) 1:09:51 час.
6.Григоријан Никоски(Македонија)1:10:30 час.
10.Иван Пешовски (Македонија) 1:13:30 час.
Полумаратон – жени
1.Валентин Жебет (Кенија) 1:13:16 час.
2.Карен Чепквони (Кенија) 1:15:10 час.
3.Ненси Гитаига (Кенија) 1:17:25 час.
6.Дарија Крстевска (Македонија) 1:25:42 час.
11.Благица Јованова (Македонија) 1:32:09 час.
13.Душица Јанковиќ (Македонија) 1:34:41 час.
Трка 5км – мажи
1.Андреј Арсов (Македонија) 16.29 мин.
2.Гилмон Јунузи (Македонија) 16.35 мин.
3.Фредрик Урбом (Шведска) 16.44 мин.
Трка 5км – жени
1.Ирма Хајдари (Македонија) 19.43 мин.
2.Емили Ивановска (Македонија) 20.54 мин.
3.Лана Ивковиќ (Црна Гора) 21.01 мин.










