Португалија славеше на натпреварот против Норвешка со 2:1 во натпреварот од 4-тото коло од Лигата на Нации. Мечот на „Драгао“ го обележаа прекрасните голови на двајцата дефанзивци Кристофер Ајер и Жоао Кансело.
Португалците подобро го отворија натпреварот и имаа неколку добри шанси пред норвешкиот гол, но гостинската екипа поведе во 36-тата минута со голот на Ајер. Само две минути подоцна Кансело постигна уште поубав погодок и донесе изедначување. Гонсало Рамос стави точка на мечот со гол во 79-тата минута, а до крајот на мечот Консеисао заработи црвен картон поради приговор, Со оваа победа Португалците ја продолжија победничката серија и останаа на првото место на табелата.
Во вториот меч од оваа група Данска го совлада Велс со 0:1. Стрелецот на голот за гостите беше Хојлунд во 75-тата минута.










