Пелистер во последната четвртина до победа над ТФТ

69
фото: КК Пелистер Битола (FB)

Кошаркарите на Пелистер со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа ТФТ со 78:70.

ТФТ подобро го отвори натпреварот и по првата четвртина имаше предност од 21:20, а на полувремето гостите водеа со 39:36. По 30 минути игра резултатот беше 55:52 за ТФТ.

Сепак, Пелистер одигра одлична последна четвртина и со серија од 26:15 направи целосен пресврт за конечни 78-70.

Најефикасен кај битолчани беше Крис Мекдауел со 19 поени, а Чарлс Вилсон постигна 14, додека Кристијан Ќириловски додаде 11 поени.

Кај екипата на ТФТ најефикасен беше Сила со 31 поен.

ПретходноЛига на Европа: Ѓорчепетровки со предност од 4 гола ќе одат во Чешка
СледноГостивар и Шар Планина со меморијален натпревар во чест на Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке