Руи Пинто, основачот на платформата „Football Leaks“, преку која што во 2020 година почна да објавува документи поврзани со скандалот на Манчестер Сити, објави дека ја напушта неговата родна Португалија, и се сели на непозната локација поради бројните закани кои што ги добива.
Пинто е главната причина што Манчестер Сити е во ваква проблематична ситуација, и истрагата околу овој клуб се базираше поради документите кои што тој ги објави.
Сега, откако тој процес е при крајот, португалската полиција ја повлекла заштитата која што му беше доделена на Пинто, па тој поради страв нешто да не му се случи заминува од својата земја на непозната локација.
„Немам друг избор освен да се преселам на непозната локација на неопределено време“, рече Пинто, наведувајќи ги бројните закани со смрт што ги добил и она што тој го тврди како „сериозен ризик од обиди за атентат.
Адвокатскиот тим на Пинто остро ја критикуваше одлуката на португалските власти, велејќи дека неговата одбрана е повлечена без соодветна постапка и предупредувајќи дека тој е особено ранлив во време кога неговите претходни откритија повторно се во центарот на еден од најголемите скандали во историјата на англискиот фудбал.










