Ројевиќ после дебаклот во Скопје: Бевме загубени, не личевме на себе

1

ГРК Охрид, изненадувачки одигра под своите можности на дерби дуелот против Вардар. Избраниците на Борис Ројвеиќ изгледаа на потпросечен тим, иако составот и оваа сезона е добро „поткован“.

Од СЦ „Јане Сандански“ охриѓани си заминаа со убедлив пораз од 27-18 и голема лекција.

Тренерот вели дека биле во грч, призна дека не личеле на себе.

„Одигравме многу лош натпревар, а кај Вардар 1961 се гледаше таа желба да победи со што поголема разлика. Одигравме како во грч, некои играчи првпат играат пред ваква атмосфера и на вака важен натпревар против Вардар, па можеби и тоа имаше влијание. Но, во целина бевме загубени, не личевме на себе и сè што договоривме падна во вода. Дополнителен проблем беше повредата на Томи Јагуриновски уште во десеттата минута, кој беше одличен на стартот. 

Лани имавме исто вака имавме лош ден и против во Битола. Потполно ист натпревар, исто сценарио. Но, се подигнавме и потоа го освоивме ЕХФ Европскиот Куп. Вакви натпревари може да му се случат секому. Видовме како одигра Еурофарм Пелистер против Логроњо Ла Риоха пред неколку дена. Но, наше е да продолжиме да работиме и што подобро да се подготвиме за саботниот дуел со Алкалоид“, рече српскиот тренер на клупата на Охрид.

ПретходноИ Хрватите имаат свој АГЕНТ 007 (ВИДЕО)