Лига на Европа: Ѓорчепетровки со предност од 4 гола ќе одат во Чешка

34

Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров, со четири гола предност ќе патува на реваншот против чешки Мост во првата прелиминарна рунда од Лигата на Европа на ЕХФ.

„Лавиците“ на домашен терен славеа со 22:18, откако по првото полувреме резултатот беше нерешен 10:10. Во вториот дел македонскиот шампион одигра подобро и успеа да направи предност која дава надеж пред реваншот.

Губериниќ беше најефикасна кај Ѓорче Петров со седум гола, додека кај Мост Шустачкова заврши со осум погодоци.

Реваншот во Чешка е закажан за седум дена.

ПретходноКожув победнички заминува од Скопје (ФОТО)
СледноПелистер во последната четвртина до победа над ТФТ