Алкалоид и Вардар без грешка, ГРК Охрид – разочарување на колото!

77

Македонската ракометна Суперлига засега ги оправдува очекувањата дека сезонава секое коло ќе биде неизвесно и посебно, без разлика дали меѓусебе играат тимови од долниот или горниот дел од табелата.

По пет одиграни кола, Алкалоид и Вардар останаа со перфектен скор од пет победи во исто толку одиграни натпревари. Скопските тимови се лидери на табелата и го делат првото место.

Избраниците на Кирил Лазаров на домашен терен го победија ГРК Тиквеш со 31-30, иако дуелот доби драматична завршница. На крајот, бодовите останаа во Автокоманда.

Вардар, пак, истиот ден, нешто порано, на дело покажа зошто е актуелен првак. Наместо дерби во СЦ „Јане Сандански“, на дуелот против ГРК Охрид видовме само една доминација, и тоа на „црвено-црните“. Охриѓани целосно потфрлија, а со оглед на тоа што нивниот состав е еднакво европски и со голем буџет, средствата не ги оправдаа очекувањата. Затоа ГРК Охрид е најголемото разочарување за петтото коло.

Сепак, во следното коло следи ново дерби. ГРК Охрид е домаќин на Алкалоид. Борис Ројевиќ ќе мора добро да се подготви, но и тимот на Лазаров, ако сака да остане на истото ниво – без пораз. Салата „Билјанини извори“ сигурно ќе биде исполнета до последното место.

Кога сме кај табелата, Пелистер е трет со четири победи и едно реми, додека ГРК Охрид е четврти со три победи, реми и пораз. Петтата позиција му припаѓа на Прилеп, кој има скор од две победи, реми и пораз.

ДВОЈКИ 6. КОЛО

ПретходноДарија Крстевска со нов младински национален рекорд во Полумаратон
СледноБронза за Мила Рељиќ во Тирана и нови поени за олимписката ранг-листа