Македонскиот национален фудбалски состав денеска отпатува за Швајцарија, каде што утре со почеток од 20:45 ќе го одигра четвртиот меч од овој репрезентативен прозорец во рамките од актуелната Лига на Нации.
Дуелот се игра на Термоплан Арена во Луцерн, а Македонија на ова гостување замина по трите порази во првите три кола.
Првиот беше токму од Швајцарија во Скопје 0:3, за да потоа заминеме во Слвенија. И таму не успеавме да дојдеме до позитива во поразот од 2:0, за да сето ова кулминира со поразот од 0:2 од Шкотска пред два дена исто така на Арената Тодор Проески во Скопје.
Предмалку нашите репрезентативци пристигнаа во базата во Луцерн, а вечерва по официјалната прес конференција ќе го имаме и тренингот на Термоплан Арената.










