У-21: Македонија со пораз ги заврши квалификациите!

140

Шведска – Македонија 2:0 е исходот од вечерашниот меч на У-21 селекции, во рамките на последното 10.коло од квалификациската група Е за пласман на ЕП, кој се одигра во Фалкенберг. Стрелци на головите за домашната селекција беа Свенсон во 15. и Нјие во 52.минута.

Па, така У-21 Македонија овие квалификации ги заврши на 5.место со 7 бодови, односно со само две победи и едно реми. Пред нас се Италија 27 бода, Полска 27, Шведска 13, Црна Гора 12, зад нас е само младата селекција на Ерменија со само еден бод.

Она што Горан Станиќ како селектор го почна, вечерва го заврши Александар Таневски. Очајно слаби квалификации имавме, но тоа е нашата реалност во фудбалот.

Инаку нашата млада селекција вечерашниот меч го започна со следните единаесет фудбалери:

Џеков, Аризинковски, А.Мурати, Р.Мурати, Данев, Масларов, Николовски, Ташовски, Велков, Величковски и Љатифи.

Играа уште: Манојлов, Ристовски, Хоџа, Трпевски, Цветковски.

ПретходноВисар Муслиу: Мора добро да размислиме како играме!
СледноНационалите тренираа на помошен терен! (ФОТО)