ШК Алкалоид со нов турнир во чест на 50-годишниот јубилеј

27

Како најуспешен спортски колектив кој стана поим за постигнување резултати во македонскиот шах, во чест на петдеценискиот јубилеј, ШК Алкалоид организираше уште еден турнир во забрзан шах, иако на почетокот на годината веќе го приреди „Алкалоид опен“. На 3 октомври во Скопје се одигра турнирот во забрзан шах „Алкалоид 50 на 8 х 8“.

По одиграни 11 кола само Мухамет Аслани (Косово) имаше 9,5 поени, додека, пак, ИМ Филип Панчевски со победата над ВМ Звонко Станојоски во последното коло стигна до 9 бода и до наградата за второ место. ФМ Андреј Велјаноски, поради послабиот тај брејк, е рангиран како трет бидејќи и тој и ИМ Борољуб Златановиќ, исто така, стигнаа до 9 бода, па мораше да бидат аплицирани дополнителни критериуми.

ИМ Никола Николовски и ФМ Ендрит Уручи се најдоа на делба на петтото место со 8,5 бода, додека, пак, во групата играчи со 8 бода беше ВМ Станојоски, како и ИМ Тони Кироски, Филип Михов, Стојанчо Димковски и други. Најуспешен меѓу ветераните беше ФМ Александар Кралевски, додека, пак, Леа Ефтовска и Александра Димитри беа најдобропласирани шахистки. Од специјалните награди две им припаднаа на јуниорите од шаховските школи на Алкалоид: на младиот талент на ШК Алкалоид, младински првак до 12 години, Давид Атанасовски (најдобар играч со рејтинг под 1799 поени), како и на Акбијуик Фатих (16 години), кој беше најдобар играч со рејтинг од 1800 до 1999 поени.

Овојпат во рамките на турнирот „Алкалоид 50 на 8 х 8“ беше организирана и авторска презентација на Монографијата за клубот, подготвена од ИМ Никола Димовски, како најава за официјалната промоција што ќе следува.

Следна голема активност на ШК Алкалоид ќе биде настапот на Европскиот клупски куп во Црна Гора (17 – 23 октомври), каде што ќе настапи и ШК Мулти Есенс.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноШпанците тврдат, Чуамени и Гулер уште долго во Реал Мадрид
СледноНов убедлив пораз на избраниците на Станковски