Речиси нема повеќе карти за Швајцарија – Македонија, „Фалангата“ е на нозе!

49

Македонската фудбалска репрезентација ја чека уште една тешка задача во Лигата на Нации. Нашиот најдобар национален тим утре е гостин на Швајцарија во Луцерн, дуелот е закажан со почеток во 20:45 часот.

На оваа средба селекторот, Гоце Седлоски и неговите избраници ќе влезат со скор од три порази во исто толку одиграни натпревари и без постигнат гол.

Иако во овој момент Македонија го игра најлошиот фудбал, сепак на трибините нашите репрезентативци ќе имаат поддршка од фановите. „Фалангата“ се мобилизира од сите страни, на делот предвиден за гостински навивачи ќе има 390 до 400 места, но сигурно и на останатите трибини ќе има Македонци, па нема да останеме на гореспоменатата бројка.

Стадионот е речиси распродаден, Швајцарија ќе има максимална поддршка, капацитетот е релативно мал од 16.500 до 16.800 гледачи. Противникот е фаворит во нашата група и има максимален скор, кој планира да го задржи и против Македонија.

ПретходноПовредата на Халанд ги загрижи во Манчестер Сити!