Чупиќ: Во полн „Јане Сандански“ никому не му е лесно

275
Фото: РК Вардар

Најдобриот македонски ракометен колектив, тимот на Вардар го продолжува својот пат во Лигата на Шампионите сезонава. На програмата е новото коло во кое што во Скопје пристигнува, искусната, квалитетната и сериозно инспирираната екипа на Висла Плоцк.

Вардар со денешната прес конференција го најави овој дуел, а на истата покрај капитенот Васил Гогов, се појави нормално и стратегот Иван Чупиќ. Тој со сето свое играчко, а сега веќе и тренерско искуство кажа се што јавноста треба да го чуе. Дека Вардар ќе се соочи со сериозен ривал, кој има исти тренер долг период, дека ростерот на противникот е квалитетен, но дека секому кој доаѓа во Скопје му е јасно дека во „Јане Сандански“ на никому не му е лесно да игра.

„Групата е таа, јасно е. Висла е топ клуб меѓу десетината најдобри во Европа. Имаат ист тренер долги години. Константни се во резултатите, во изминатите години. Добро ја познавам своевремено доминацијата на Киелце во Полска, а ете сега Висла го презеде приматот таму. Тоа е само доказ за нивното ниво. Се подготвуваме како секогаш, со добра енергија, анализа и тренинг. Веруваме дека во полн „Јане Сандански“ никому нема да му е лесно. Сакаме по двата натпревара без бодови на кои игравме добро, да стигнеме до првата победа. Сигурно дека ни недостигаа по гол-два на претходните средби. Не сакам да зборувам за притисокот, тоа за мене е привилегија. Ова е наш пат кој ќе трае барем до крајот на сезоната. Нема успех без порази, не доаѓа бргу и преку ноќ. Мислам дека по првите два меча во ЛШ одигравме навистина добро, одигравме машки, ама очигледно тоа што го презентираме во овој момент не беше доволно за ова ниво. Ако беше доволно ќе имавме бодови на контото. Не сакам да барам алиби, иако игравме добро со Мелсунген, а потоа малку подобро против Нант. Сега верувам дека ќе го кренеме нивото, особено бидејќи Педро се врати и дава нота повеќе. Кога ја анализиравме Висла, екипа која според мој вкус игра најдобра одбрана во Лигата на шампионите. Тоа ќе биде голем предизвик за нашиот напад, мора да сме подобри од натпреварите со Охрид, Нант и Мелсунген. За оваа одбрана на Висла која плаќа 3-4 играчи само за одбрана, нашиот напад мора да биде како никогаш оваа сезона ако сакаме да освоиме бодови. Сепак, и без добра одбрана бадијала би биле добри во нападот. Сите сегменти мора да се на нивото, но ако морам да изберам еден кој може да реши ќе биде нашиот напад. Висла игра навистина врвна одбрана, тактички се дисциплинирани и за мене е навистина голем предизвик“, изјави Чупиќ па додаде.

Бомаштар е повреден, Лазаревски, Педро и Стојановски со кам бек во составот

„За жал Бомаштар е уште повреден, мора да имаме трпение бидејќи има незгодна повреда на грбот. Се надевам дека со новите терапии ќе го видиме по репрезентативната пауза. Тој е во процес на рехабилитација и не смееме да брзаме. Што се однесува до останатите играчи, ни се вратија Лазаревски, Педро и Стојановски. Тоа е голем плус и за мене и за тимот. Педро ни дава многу варијанти и за мој вкус е спортски најинтелигентен играч во оваа екипа. Можеби тоа ни недостигаше во претходните два натпревара, ќе видиме како ќе изгледаме против Висла“, изјави Чупиќ.

ПретходноГогов: Имаме добра атмосфера и полна сала – доволно за први бодовите во Лигата на шампиони!
СледноСедумте бода не вратија години наназад