Познати се термините за двата натпревара меѓу Македонија и Кипар во баражот за пласман во Б-лигата на Лигата на нациите.
Првиот дуел ќе се одигра на Кипар, на 27 март 2027 година, со почеток во 18:00 часот. Реваншот е закажан за 30 март во Македонија, а почетокот на натпреварот е во 15:00 часот.
Македонската репрезентација најпрво ќе се обиде да обезбеди поволен резултат на гостувањето, а потоа пред домашната публика ќе го има решавачкиот предизвик за пласман во повисокиот ранг на Лигата на нациите.










