Се сеќавате ли кога македонската репрезентација последен пат постигнала гол? (ВИДЕО)

167

Вечерва во Луцерн играме со Швајцарија во меч од 4.коло во Б Лигата на Нации. Влегуваме во овој меч со катастрофална серија зад нас. Имено имаме11 мечеви без победа во низа и вкупно 697 минути сме без гол, со Гоце Седлоски сме седум меча без победа и 630 минути без гол.

Очајни сме под водство на Седлоски, тоа се факти, така велат резултатите и статистиката. Јасно е дека сите ние вечерва сакаме добар настап, гол(ови) и победа ама тоа со овој селектор кај силната Швајцарија, која веројатно ќе се игра со втор состав, е научна фантастика.

Него, ајде да се вратиме не головите.

Дали се сеќавате кога македонската репрезентација последен пат постигнала гол?
Тоа беше на 18 ноември 2025 година кога на гости кај Велс загубивме со 7:1, а Бојан Миовски во 23.минута постигна гол за 2:1.

Од тогаш минаа точно 322 денови, или 697 минути сме без гол, со Седлоски како селектор сме точно 630 минути без гол.

Којзнае, можеби вечерва ќе имаме среќа да се израдуваме барем на гол.

ПретходноТолку беше: Еден од најголемите објави дека ја завршува кариерата!
СледноСе менува ракометот? ИХФ го преиспитува правилото 7 на 6, тестирање во 2027!