Таџикистан на Мрме ја победи Кина за првпат во својата историја

73
ФОТО:facebook.com/fft.tj/

По двата порази од Азербејџан и Палестина, денеска во пријателски меч селекцијата на Таџикистан предводена од Игор Мрме Ангеловски славеше како гостин против Кина со 0:1. Стрелец на голот беше Ханонов во 53.минута.

Секако дека ова е голема победа за селекцијата предводена од нашиот некогашен селектор, но и прва во историјата на Таџикистан кога станува збор за дуелите со една од најсилните азиски селекции.

Следните настапи на Таџикистан ќе бидат следниот месец на „Кинг Купот“ во Тајланд каде ќе учествуваат и селекциите на Тајланд, Оман и Бахреин.

ПретходноДраган Ѓоргиев: Дијаспората е секогаш тука за Македонија
СледноХерера и Младеновски на трибини!