Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски имаше скромен настап за Наполи на гостувањето кај Будуќност во второто коло од Еврокупот. Сепак, неговиот тим славеше со 75:93 и стигна до втората победа во групната фаза.
Јакимовски на паркетот мина само седум минути, а натпреварот го заврши со еден постигнат поен. Ова е значително помалку од неговите досегашни настапи за италијанскиот тим, во кои беше еден од најважните играчи на Наполи.










