Играше за Македонија, а сега со деби за Германија!

349

Адел Мустафи пред неколку дена го имаше своето деби за селекцијата до 16 години на Германија на пријателски натпревар против Полска, кој Германија го доби со 4:1.

Овој млад супер-талент, кој игра за своите врсници во Унион Берлин, претходно забележа и пет настапи за репрезентациите на Македонија, но одлучи да го прифати повикот од својата родна држава.

Мустафи и неговото семејство се од дебарскиот регион и имаа желба тој да игра за Македонија, што беше и реалност до пред само неколку месеци. Но, ете, работите се менуваат, па овој млад дефанзивен фудбалер, по препорака на клубот и неговите родители, ја прифати понудата од Германија.

За „панцирите“ во минатото играше и друг Мустафи од Македонија. Но, тоа беше Шкодран, кој стана и светски првак со Германија, а по потекло е од Гостивар.

Македонија има многу мали шанси во битката со младите таленти доколку тие имаат опција да бираат.

ПретходноЖозе Мурињо ги „спакува куферите“ од двајца фудбалери: Не сметам на тебе!
СледноЗидан: Задоволство е да се работи со овие играчи