МЗТ Скопје поразен во кам-бекот на европска сцена од Ираклис!

96

МЗТ Скопје се врати на европската сцена после повеќе од 25 години. Во СЦ „Јане Сандански“ гостуваше Ираклис, кој си замина со целиот плен, го совлада актуелниот македонски првак со 59-64.

Ноах со 18 поени беше прв стрелец во редовите на тимот од Аеродром, Ворнер имаше 11 поени.

Во драматична завршница актуелниот македонски првак успеа сериозно да му се закани на грчкиот тим дојде на минус еден (57-58), но пропушти два напади за да дојде до прво водство. Следеше казна, грчкиот тим реализираше за 57-62. Тадиќ реализираше за 59-62, Ираклис го имаше последниот напад за потврда на победата, Дијара успеа да ја пробие одбраната за 59-64.

Во голем дел од мечот предноста ја имаше Ираклис, кратки беа моментите во кои МЗТ Скопје го имаше водството. На стартот отвори со 2-0, па водеше со 8-7, но противникот имаше и плус 9 (15-24) после првата четвртина беше 21-26. Вториот период им припадна на „сино-белие“ беа подобри со 18-14 за 33-37 на одморот. Во третиот период видовме скромна игра на двете страни, гостите влегоа со позитива од четири поени (51-55). МЗТ Скопје имаше свои шанси, но за жал не ги искористи.

 

Претходно„Фалангата“ подготвена: Во Луцерн ечи Македонија, Македонија… (ВИДЕО)
СледноЈакимовски скромно во новата победа на Наполи во Еврокупот