МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, денеска со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис во рамките на првото коло во ФИБА Еврокупот.
Ова е еден од трите фронта на кој македонскиот тим постави високи амбиции. Противникот е благ фаворит, но „сино-белите“ се надеваат на максимална поддршка до трибините и прва победа на европска сцена.
Покрај грчкиот тим во група со македонскиот првак се Тарту, Вурцбург, АЕЛ Ларнака и Џики Варшава.
Пред оваа средба, МЗТ Скопје приреди забава за своите фанови, пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот.










