Може ли оваа репрезентација на Седлоски да дојде до сензација вечерва во Луцерн или барем до гол?!

1

Вечерва од 20.45 часот на „Термоплан Арената“ во Луцерн, во меч од 4.коло во Б Лигата на Нации, Македонија и гостува на Швајцарија. Гостуваме на најсилната репрезентаија во нашата група 1, репрезентација која има три победи, а како што е познато ние имаме три порази.

Јасно е дека пред избраниците на селекторот Гоце Седлоски е пекол, без разлика дали Мурат Јакин ќе игра со „втор состав“, како што најави или сепак ќе го задржи “костурот“ со цел да дојде до уште една лесна и убедлива победа против убедливо најслабата репрезентација во групата.

Но, тоа се “проблеми“ за Јакин, ние треба да си ја гледаме нашата работа. Да повториме, А- репрезентацијата на Македонија е во серија од 11 меча без победи и вкупно 697 минути без гол. Македонија на Седлоски е седум меча во низа без победи, четири порази во низа, и 630 минути без гол.

Ако е нешто добро тоа е ставот на Муслиу, Миовски,Елмас, Димитриевски кои во изминатите два-три дена постојано истакнуваат дека мора, ама баш мора подобро. Ова значи дека во овие момци се уште има жар, сакаат битка, сакаат борба, сакаат победи како некогаш без разлика кој седи на клупата и кој ги предводи.

За почеток, тоа е доволно. За понатаму, ќе видиме!

Прашањето кое често се поставува во изминатите денови е – до кога? До кога вакви настапи, игри и порази? Тоа никој не го знае, ама одговорноста се знае каде е. Само во селекторот, тука нема дилеми.

И затоа во пресрет на вечерашниот дуел во Луцерн посакуваме да видиме поинаква Македонија, да дојде до сензација или барем до гол.

Сега, денеска, е најважно како знаеме и умееме да одиграме добро, и навистина “да го оставиме срцето на терен“, тоа познато и веќе здодевно клише, да одиграме за своја душа, па макар и загубиле.

Пораката е јасна…фановите се гневни, прстот на чело што би рекол Муслиу.

Време е за една добра претстава на Македонија.

Претходно50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката