Ете како се прави добар маркетинг. Неверојатна приказна доаѓа од Косово. ФК Малишева, член на локалната Супер лига, каде што е тренер Томас Брдариќ а минатата години тимот го водеше Ќатип Османи, и двајвата екс – тренери на Шкендија, наводно испратил официјална понуда до Пеп Гвардиола за познатиот шпански стручњак да може да го преземе тимот. Според косовските медиуми, понудата ја потпишал потпретседателот на клубот Африм Битиќи, а според предложените услови, Гвардиола би имал основна годишна плата од 650.000 евра бруто.
Сепак, тоа не е сè.
Договорот предвидува и многу дарежливи бонуси за постигнати спортски цели. Гвардиола би добил дополнителни 100.000 евра ако Малишева го освои шампионатот на Косово.
Најголемиот бонус би бил поврзан со европскиот успех. Дури 300.000 евра се предвидени за пласман во лигашката фаза од Лигата на шампионите, додека пласманот во Европската лига би донел дополнителни 200.000, а пласманот во Конференциската лига 100.000 евра.
Ова значи дека во сценариото за освојување на титулата шампион на Косово и пласман во лигашката фаза од Лигата на шампионите, Гвардиола би можела да заработи дури 1,05 милиони евра бруто годишно.
Бонусот за европските натпреварувања нема да биде кумулиран, односно Гвардиола би добивал бонус само за највисоко остварениот европски пласман.
Во понудата исто така се наведува дека другите детали од договорот и начинот на плаќање ќе бидат дополнително договорени меѓу двете страни. Малишева моментално се натпреварува во Суперлигата на Косово, а според достапните податоци, во тековниот дел од сезоната постигнала многу добри резултати, вклучувајќи победи над Вуштрија, Фероникели, Гњилане, Лапи и Балкани.
Од друга страна, Гвардиола е име на кое тешко му треба посебно претставување.
🚨🇽🇰 Kosovo Superleague side Malisheva have offered Pep Guardiola a deal worth up to €1.05M.
Owner Afrim Bytyqi’s package:
💰 €650k base 🎯 €400k in bonuses – rising further for a European runPep to Malisheva? 👀
©️ Indeksonline https://t.co/NsqpevVe2j
— Kosovo Football 🇽🇰 (@FootballKosovo) October 7, 2026
Шпанецот со години го водеше Манчестер Сити и постигна огромен број успеси со англискиот клуб, вклучувајќи ја и победата во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
Токму затоа оваа понуда звучи речиси нереално.
Засега нема потврда дека Гвардиола ја прифатил понудата на Малишева, ниту дека е постигнат договор. Станува збор за официјална понуда од косовскиот клуб упатена до познатиот тренер.
Јасно е дека ова е научна фантастика, ама добар маркетинг.










