Меморијалот „Чајка“ денеска ќе ги даде освојувачите на Суперкупот

21
фото: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип (FB)

Денеска во Тетово ќе се одиграат натпреварите од Суперкупот на Македонија во одбојка, во машка и женска конкуренција, во рамките на јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

Во машка конкуренција, освојувачот на двојната круна, Штип УГД, ќе се соочи со минатогодишниот финалист во првенството и Купот, Борец од Велес. Натпреварот е закажан за 17:00 часот во салата ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово.

Во женска конкуренција, шампионот Работнички Скопје ќе игра против освојувачот на Купот, Вардар ЕМ. Женскиот Суперкуп ќе започне во 19:30 часот, исто така во салата „8. Септември“.

Ова е прво издание на „Чајка“ во кое меморијалниот турнир добива и официјална улога на Суперкуп на Македонија, па денешните дуели носат дополнителна тежина и престиж за четирите екипи.

ПретходноВЛТ НАВИВА: ВАРДАР ПРОТИВ ВИСЛА ПЛОЦК
СледноИма договор: Артета во Арсенал до 2030 година!