Вечерва во салата “Александар Николиќ“ во Белград, во меч од 3.коло во ракометната Лига на Шампиони, Партизан беше убедливо поразен од Веспрем со 26:37.
Ова е трет пораз во исто толлку мечеви во групата А за составот на Раул Гонзалез, некогашен селектор на Македонија и стратег на Вардар, со кој ја освои ЛШ во таа 2017 година. И покрај големата желба на домапните“ и борбеноста, сепак Веспрем е класа за себе па без некој посебен напор рутински дојде до победата, трета.
Кулеш со 6 голови беше најефикасен кај домашните, додека Мартиновиќ со исто толку голови беше најефикасен кај победничкиот соста, додека Деска, Ремили и Мате запишаа по пет погодици.
На останатите два меча од терминот од 18.45 часот, Кринс со 34:32 беше подобар од Колстад, а Кристијанштад на свој терен доживеа пораз од ГОГ со 32:37.










