Алтипармаковски е новиот шеф на Кожуф!(ФОТО)

0
ФОТО:facebook.com/fckozuf/

И официјално, Вангел Алтипармаковски е новиот шеф на стручниот штаб на ФК Кожуф. Конечно вистински потег на раководството на гевгелискиот клуб кој се одлучи за свој стратег да го именува еден од најперспективните тренери во Македонија.

Познато е дека иако млад тренер, сепак Алтипармаковски и тоа како има искуство во младинските школи во Работнички и Пелистер, беше и во стручните штабови на Работнички и Пелистер како прв асистент, а има и интернационално тренерско искуство од Гевгелија.

Сега преостанува само Алтипармаковски да ја оправда довербата. Тој своето деби на клупата на гевгеличани ќе го има во сабота кога Кожуф во меч од 7.коло во ВМФЛ ќе гостува кај Детонит во Радовиш.

ПретходноНикој како Столе: Димитриевски со најмногу одбрани во Лигата на Нации! (ФОТО)