Прилеп доби казна од 100.000 денари поради 7 секунди кои недостасуваат на видео-снимката

1

Ракометниот клуб Прилеп е казнет со 100.000 денари од Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија.

Причината е неверојатно едноставна – натпреварот против Струга не бил целосно снимен.

Во официјалната видео-снимка недостасувале последните седум секунди од натпреварот.

Според членот 21 од Дисциплинскиот правилник на РФМ, нецелосниот видео запис претставува прекршок за кој е предвидена парична казна од 100.000 денари.

ПретходноИма договор: Артета во Арсенал до 2030 година!