Трет меѓународен атлетски крос за пионери во Скопје

0

Атлетскиот клуб „Аеродром“ од Скопје го организира третото издание на „Меѓународниот крос за пионери 2026“, настан наменет за најмладите љубители на атлетиката. Кросот ќе се одржи на 29 ноември, недела, со почеток во 10 часот, во Парк Ново Лисиче, во Општина Аеродром.

На спортската манифестација ќе учествуваат деца од основните училишта, како и млади атлетичари и гости од други држави. Организаторите најавуваат забавни и разиграни трки за најмалите, со цел преку спорт, дружење и забава да се поттикне љубовта кон атлетиката и активниот живот.

За сите учесници се обезбедени дипломи за учество, додека најдобрите тројца во секоја дисциплина ќе добијат медали и дипломи.

Пријавувањето е бесплатно, а заинтересираните можат да се пријават на [email protected], со наведување на датум и година на раѓање, одделение, училиште и место на живеење или атлетски клуб.

Мотото на настанот е: „Трчаме заедно. Се дружиме заедно. Растеме заедно!“

ПретходноСеул ја потврди кандидатурата за домаќин на ЛОИ 2036