Мото ГП воведува квалификации за спринт од 2027 година

0

Мото ГП од сезоната 2027 ќе воведе нов формат на викендите, со посебни квалификации за спринт-трката и за главната трка. Во петок ќе се возат две слободни тренинг-сесии, по кои ќе следуваат 15-минутни квалификации за саботниот спринт.

Саботата ќе започнува со уште еден 20-минутен слободен тренинг, а потоа следуваат квалификациите Q1 и Q2 за главната неделна трка. На тој начин, стартната позиција за спринтот и стартната позиција за главната трка ќе се одредуваат одделно.

Промените ќе стапат на сила во 2027 година, кога во MotoGP пристигнуваат и новите мотоцикли со мотор од 850 кубни сантиметри. Целта е да се промени динамиката на викендот и да се зголеми атрактивноста, но новиот формат веќе предизвикува различни реакции меѓу навивачите и во падокот.

ПретходноШпанецот се одјави од фудбалот: Педро оди во пензија