Ракометниот клуб Прилеп е казнет со 100.000 денари од Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија.
Причината е неверојатно едноставна – натпреварот против Струга не бил целосно снимен.
Во официјалната видео-снимка недостасувале последните седум секунди од натпреварот.
Според членот 21 од Дисциплинскиот правилник на РФМ, нецелосниот видео запис претставува прекршок за кој е предвидена парична казна од 100.000 денари.










