Филип Кузмановски ја одигра најдобрата партија во својата кариера кога станува збор за европските клупски натпреварувања. Капитенот на Еурофарм Пелистер против Гдањск на гостински терен постигна 15 голови, рекорд во неговата кариера. За жал оваа партија не беше доволна за да неговиот тим дојде до победа, на крајот остана да биде задоволен со реми (31-31) и само бод во Европската лига.
ЕХФ му симна капа на популарниот Фитиљ: МВП издание на Кузмановски, вака на кратко ја опиша неговата партија споделувајќи видео со неговите погодоци.










