Ако Карик добие отказ: Фабрегас на клупата на Манчестер Јунајтед?!

34
ФОТО:facebook.com/como1907srl/

И натаму работите во Манчестер Јунајтед не одат во посакувана насока. Пет натпревари, една победа, две нерешени резултати и два порази. Доволно за само 12-то место на табелата и само пет бода. Пред репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед “врза“ три натпревари без победа. И се чини дека раководството на клубот го губи трпението.
Низ Островот се прошири вест дека раководството на клубот му дало рок на Мајкл Карик до следната репрезентативна пауза да го консолидира тимот и да почне да постигнува резултати.
И тоа не е навистина долг период бидејќи следната пауза во сезоната е веќе на почетокот на ноември.
Наводно, на врвот на листата на тренери што Јунајтед ги разгледува како потенцијална замена за Карик е тренерот на Комо, Цеск Фабрегас.
Фабрегас не е единствениот кандидат што се разгледува на „Олд Трафорд“ како потенцијален наследник на Карик, но тој сигурно е најголемата желба на Џим Ратклиф.
Фабрегас се снаоѓа одлично во Комо, но прашањето е дали би одолеал на повикот на клуб со големина на Манчестер Јунајтед.
Целата приказна во овој момент е на ниво на шпекулации, но ноември не е далеку. Интересно е и тоа што дотогаш Јунајтед ќе се сретне со Кома во Лигата на шампионите и тоа на гости (21 октомври).
До следната пауза, Јунајтед ќе игра против Тотенхем, Лидс, Борнмут, Челзи и Астон Вила во Премиер лигата, а против Атлетико Мадрид, Комо и Рома во Лигата на шампионите. Првиот натпревар по следната пауза е гостување кај Ливерпул.

ПретходноНов договор: Рајс станува најплатен фудбалер во Арсенал
СледноЕндрик веќе се договорил со Милан!?