Овој викенд на стадионот во Автокоманда ќе се одигра првенствениот натпревар меѓу Скопје и Вардар, но овојпат фудбалот ќе има и една поважна мисија – хуманоста.
Натпреварот е закажан за недела, 11 октомври, со почеток во 15:00 часот, а влезниците чинат 100 денари. Целиот приход од продадените влезници ќе биде наменет за Пират Владо Рафаиловски-Ермон, член на клубот, кој се бори со рак на желудникот.
Од ФК Скопје ги повикуваат навивачите да ја исполнат трибината и со своето присуство да дадат поддршка во оваа хумана акција.
„ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ!“ е пораката пред натпреварот.















