Полувреме: Вардар тргна очајно, па се врати – има два гола негатива!

3
Фото: РК Вардар

Вардар 1961 после првото полувреме против Висла Плоцка има негатива од . Ова е меч од третото коло во Лигата на шампиони, а македонскиот првак ја посакува првата победа. Салата „Јане Сандански“ е повторно исполнета до последно место, поддршката не изостанува.

Одличен старт на Висла Плоцк за 0-3, првиот гол за Вардар го постигна Малус после четири и пол минути игра. Гостите продолжија со одличната игра во осмата минута поведоа со 2-6, Валах спречи негатива од пет гола. Иван Чупиќ повика тајм-аут,  но неговите момци не реализираа Сердио зголеми на 2-7, а потоа заработи две минути исклучување. Од овој момент, македонскиот тим успеа да направи серија од 3-1 и да се доближи на 5-8. Одбраната на гостите беше врвна, па на средината на првото полувреме Висла имаше +6 (5-11).

После новите 6-12, Вардар 1961 ја искористи предноста од играч повеќе, со серија од 4-1 доближи на 10-13. Косоротов беше незадржлив (10-14), но најважно е дека македонскиот тим влезе во ритам. Следеше серија на одбрани и промшувања на двете страни од која прв излезе Вардар, во вистинско време ја врати драмата, Фадуил со два гола намали на 12-14. Малус со убав погодок пред одморот (13-15), резултат на одморот.

Фадуил има шест гола, зад него е Малус со четири погодоци.

ПретходноПознато е што им кажале шефовите на Сити на своите фудбалери откако клубот е прогласен за виновен