ТФТ дојде до првата победа сезонава (ФОТО)

0

ТФТ – Скопје 102:98 е исходот од вечерашниот прв меч од 2.коло во нашата елитна кошаркарска лига. По поразот од Пелистер на стартот, ова беше првиот триумф за тимот на Боро Смилковски, додека за составот на Скопје, клуб кој до пред извесно време се викаше Маџари, ова е вториот пораз.

Кошаркарите од скопско Тафталиџе многу добро го отворија мечот, кај нив во тој дел функционираше се како што треба, па затоа на крајот на семафорот стоеше 30:18. Веќе во втората четвртина кошаркарите на Скопје “покажаа заби“ што се вели и ја добија истата со 22:23.Во ист ритам се играше и во третата, беше 22:22, но разликата и натаму беше на страна на домашните благодарение на првата четвртина.

Интересно, но и последниот период го добија гостите, успеаја осетно и да ја намалат разликата на -2 поени, дојде и до драма во последните секунди, сепак и тоа не беше доволно за целосен пресврт и за победа.

Цветковски со 24 поени и Сила со 23 беа најефикасни кај домашните, додека кај гостите Паркер со 31 поени едноставно беше одличен.

No description available.

 

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноЦ. Звезда покажа сила во Дубаи