ТФТ и Скопје го отвораат второто суперлигашко коло

42

Со натпреварот меѓу ТФТ и Скопје денеска почнува второто коло од македонската кошаркарска Суперлига. Ова ќе биде реприза на полуфиналето од минатата сезона, што дополнително му дава тежина на дуелот.

ТФТ во натпреварот влегува со амбиција да ја оправда фаворитската улога, додека Скопје ќе се обиде да приреди изненадување.

Вечерашниот дуел ТФТ – Скопје затоа носи важност уште на стартот на сезоната, особено во борбата за што подобра позиција во горниот дел од табелата.

Мечот ќе стартува во 18:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноФановите си кажаа: Португалците не го сакаат Роналдо во репрезентацијата!
СледноНов договор: Рајс станува најплатен фудбалер во Арсенал