Вечерва, покрај мечот во Скопје меѓу Вардар и Висла Плоцк, се одиграа уште три меча во ракометната Лига на Шампионите. Барселона очекувано немаше проблеми дома со Динамо Букурешт. Победа на европскиот првак со 34:27 за “три од три“. Можеби се очекуваше и поубедлива победа, но сепак мината е и оваа пречка, а тоа е најважно за каталонскиот гигант.
Дика Мем беше најефиласниот кај победничкиот состав, додека кај гостите од Романија, Вујовиќ со седум погодоци беше најефикасен на средбата.
Во меч од групата Б, каде што е и Вардар, составот на Мелсунген успеа со 28:23 да го победи Нант и да освои екстра значајни бодови. Тимот на Парондо беше подобар во текот на целиот меч и на крајот заслужено победи.
Дростен со 6 голови имаше забележителна партија кај домашните, Турна со исто толку голови кај гостите.
И во последниот меч вечерва, Скандерборг со 36:32 славеше против Монтпелје.










