Брутално: Дали е ова казната за Манчестер Сити?!

299
ФОТО:facebook.com/mancity/

Манчестер Сити е под невиден напад од англиската фудбалска јавност откако беше прогласен за виновен за масовни прекршувања на финансискиот фер-плеј!Додека Сити се обидува на секој начин да ја докаже својата невиност и да ги побие обвинувањата, британските медиуми слушнаа бомба од поранешниот шкотски репрезентативец, Алан Бразил, кој тврди дека Премиер лигата веќе смислила план и одредила брутална санкција!
Како гостин во програмата на познатата радио станица „TalkSport“, поранешниот напаѓач на Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Алан Бразил (67), презентираше шокантни инсајдерски детали од самата куќа на англискиот фудбал.

Шкотскиот стручњак тврди дека ја знае точната бројка со која раководството на лигата ќе го санкционира гигантот од „Етихад“.
“Слушнав дека Манчестер Сити ќе биде казнет со одземање на 60 бодови, што ќе ја задоволи јавноста, а сепак ќе му даде шанса на тимот да избегне испаѓање. Не можам да замислам дека тоа ќе се случи оваа сезона бидејќи додека се донесе конечната одлука, ќе биде предоцна. Можеби следната сезона, но во едно сум сигурен – ќе биде казна од 60 бдоови“ истакна Алан Бразил.

Таквиот потег би претставувал невиден преседан во историјата на островскиот фудбал, каде што досега најголемата казна од ваков вид му беше изречена на Евертон во износ од осум бода за прекршок од 41 милион евра.
Сомневањата и обвинувањата против англиските шампиони далеку ги надминуваат претходните случаи во лигата, што објаснува зошто се подготвува таков драстичен одговор.
Се сомнева дека Манчестер Сити го криел вистинскиот извор на над 900 милиони фунти (околу 1,1 милијарда евра), што му овозможило на клубот да потроши значително повеќе од дозволеното на трансфер пазарот.
Со поднесувањето на официјалната жалба, започна процесот, кој, според правилникот, вклучува расправа во следните 11 недели. Новата независна комисија ќе ги разгледа сите докази за време на расправата, а конечната одлука мора да биде објавена во рок од 30 дена од завршувањето на расправата. Доколку Сити биде прогласен за виновен дури и пред оваа комисија, ќе стапат во сила историски санкции.

ПретходноХаос и нова тепачка во соблекувалната на Реал Мадрид?!
СледноСтоп за “Балистите“: Шкендија (А) го одби барањето за присуство на фанови на Шкендија (Т) на Чаир! (ФОТО)