Моќниот Пао победнички и со Фенер, Реал го сопре Партизан

0
ФОТО:.facebook.com/paobcgr/

Во дербито на 4.коло во Евролигата, кое се одигра во “ОАКА Арената“ во Атина, Панатинаикос успеа со 92:74 да го победи Фенербахче. Ова беше четврти убедлива триумф на моќниот Пао под водство на Жељко Обрадовиќ во исто толку одиграни мечеви. Нема дилеми дека “зелените“ и тоа како се главни фаворити сезонава да ја вратат титулата во своите витрини.

Хејс и Лесор со по 19 поени имаа одличен настап, а ги следеше Франциско со 17.

Баерн дома беше поразен од Виртус со 87:94, а Валенсија успеа да го победи Хапоел со 93:82 и со тоа да дојде до “четири од четири“ заедно со Реал Мадрид. Ти-Џеј Шортс запиша 15 поени кај победничкиот состав.

Реал Мадрид ја сопре победничката серија на Партизан. Уште на стартот од мечот “кралевите“ покажаа кој е кој. Веднаш набилдаа разлика, Партизан колку и да се трудеше сепак беше немоќен да дојде до пресврт па така на крајот овој меч заврши со резултат 86:76. Бадијала 19-те поени на Карлик Џонс кој беше најефикасен на средбата.

И како што рековме, по ова 4.коло само Панатинаикос и Валенсија се максимални со по четири победи.

ПретходноБарса си “гази“, Мелсунген го победи Нант