По цели три недели пауза од прволигашки фудбал, претстојниот викенд со мечевите од 9.коло продолжува шампионатот во ПМФЛ. Се чини дека најинтересно ќе биде на Чаир каде силите ќе ги одмерат двете Шкендии. Ова ќе биде за првпат во историјата на двата клуба, Шкендија (А) и Шкендија (Т) да одиграат официјален прволигашки натпревар во ПМФЛ.
Сепак и покрај најавите, нема да има присуство на двете навивачки групи. Како што се пренесува на официјалата ФБ страна на “Балистите“, тие се чудат дека на нивното барање, преку Шкендија Тетово, да им биде дозволено присуство на неделниот меч, е одбиено од страна на Шкендија (А). Клубот од Арачиново смета дека морало да се донесе ваква одлука поради безбедноста на сите на стадионот.
Да потсетиме дека натпреварот се игра во недела на стадионот на Чаир со почеток од 13 часот.















