Како наближува рестартот на македонскиот ПМФЛ шампионат, по репрезентативната пауза, така се подготуваат настаните и мечевите кои што следуваат.
Од ФФМ предмалку беа објавени судиите кои што се делегирани за претстојното коло, а во него, има неколку интересни и неизвесни мечеви.
Утре со почеток од 12:00 часот во Кавадарци, Тиквеш е домаќин на Брегалница, а на неа прв судија е Александар Грујоски. Истиот ден но во 13:00 часот играат Арсими и Силекс со Бенјамин Ќерими како главен арбитар.
Дербито на Чаир помеѓу Шкендија Арачиново и Шкендија Тетово се игра в недела со почеток од 13:00 часот, а ќе го води Јован Качевски, а само на неколку километри оттаму на Автокоманда од 15:00 часот ќе играат Скопје и Вардар со Фуркан Идризи на центарот.
В понеделник од 15:00 часот играат Башкими и Струга ТЛ во Куманово, а главен судија е Стојанче Стојанов.















