КФМ казни судии и делегат за Супер-Купот

1

Кошаркарската федерација на Македонија ги казни официјалните лица што беа делегирани на машкиот и женскиот Суперкуп. МЗТ Скопје славеше во драматична завршница, Куманово имаше шанса да се избори за продолжение ама во последните секунди, судиите не досудија фаул.

Двајца од судиите Боро Антовски и Никола Јакимовски се санкционирани за слабо судење согласно извештајот од експертизата и прегледување на видео материјалот по член 87.3 и се казнуваат со забрана за вршење должност на четири натпревари во сите лиги.

Делегатот Зоран Николовски е казнет за неуредно и непотполно спроведување на одлуки, пропуст во навремена и правилна реакција по член 80. Тој доби забрана на вршење на должност на четири натпревари во сите лиги.

 

ПретходноТаблоидите во Колумбија „ископаа“ сериозен трач: Ричард Риос е хомосексуалец!?