Прекин на мечот Рајо – Атлетик Билбао, навивачите прават бунт против домашното раководство (ВИДЕО)

123

Денешниот прв меч од програмата во шпанската Примера, помеѓу Рајо и Алтетик Билбао е прекинат на самиот почеток. Причината за тоа е револтот на домашните навивачи кои што се отворено против претседателот на клубот Мартин Преса, па на самиот почеток од дуелот фрлија „милион“ ливчиња на терен. Судијата Санчез Мартинез на кратко го прекина мечот, а откако истото се повтори, ги испрати актерите на мечот во соблекувална.

Од трибините ечеше „Преса оди си“, што е јасен показател што се случува во и околу клубот во моментов.

Секако, главното прашање сега е дали мечот ќе продолжи денеска, или пак тоа ќе се случи во некој друг термин. Без гледачи секако.

ПретходноСилекс повторно не победи, „хорор“ повредата на Контрерас го засени ремито 1:1 со Арсими (ВИДЕО)
СледноАрсенал со пресврт до триумф против Лидс