ВМФЛ: Дербито се игра во Охрид, Здравков против Алтипармаковски во Радовиш!

1
ФОТО:facebook.com/gfkohrid

Викендов се играат сите седум меча од 7.коло во ВМФЛ. Денеска на програмата се шест, а секако дека дербито се игра во Охрид каде истоимениот тим го пречекува составот на Пелистер. Ова е дуел меѓу првиот и третиот на табелата, со тоа што струмичани како и Работнички имаат по меч помалку одиграно.

Работнички на “Борис Трајковски“ во Скопје сака бодови против Камјани, во случај на победа и дефинитивно овој клуб се наметнува како еден од најсериозните кандидати за првото место и експресно враќање во елитата.

Интересно ќе биде во Радовиш, каде Детонит го дочекува Кожуф. Тоа ќе биде и тренерски дуел меѓу Горан Здравков и Вангел Алтипармаковски, овој вториот денеска ќе го има своето деби на клупата на гевгеличани.

Играат и Шкупи – Македонија ЃП, Осогово – Еуромилк, Новаци – Тетекс, додека утре од 18 часот во Струмица домашната Беласица го пречекува Пелистер.

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Работнички – Камјани

Шкупи – Македонија ЃП

Охрид – Брера

Осогово – Еуромилк

Новаци – Тетекс

Детонит – Кожуф

УТРЕ – 18 Ч

Беласица – Пелистер

ТАБЕЛА

Охрид 15, Пелистер 14, Брера (-1) 13, Работнички (-1) 12, Беласица 10, Камјани 10, Новаци 7, Македонија ЃП 7, Детонит 7, Кожуф 7, Тетекс 6, Еуромилк 4, Осогово 2, Шкупи 0.

ПретходноТриглав Осигурување Живот ја претстави „Таа+“ – прв производ што ги обединува животното осигурување, превенцијата и грижата за женското здравје