Верстапен доминантен и во Сингапур

94
ФОТО:x.com/F1

Да се знае дека Макс Верстапен е четирикратен светски првак во Формула 1. Кога има добар болид, кога Ред Бул ќе му овозможи добар болид, тоагаш јасно е дека на Холанѓанецот никој ништи не му може. Победа на Макс попладнево за ГН на Сингапур, едноставно чиста доминација. Интересно, ова е негов прв триумф на патеката “Марина Беј“, ова е негов втор триумф во низа по минатонеделната победа на “Сепанг“ за ГН на Бахреин.

Верстапен го комплетираше двојниот триумф, откако претходно славеше во спринтот, и ја помина целта со седум и пол секунди предност пред Шарл Леклер во Ферари. На третото скалило од подиумот беше лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели.

Во борбата за подиумот, младиот Италијанец го победи вториот возач на Ферари, Луис Хамилтон, како и актуелниот шампион Ландо Норис. Главниот ривал на Антонели во борбата за титулата и воедно колега од тимот, Џорџ Расел, ја помина целта на деветтото место, што значи дека разликата меѓу нив двајца шест трки пред крајот на сезоната е над 100 поени.

ПретходноПМФЛ полувреме: Нема пенал, ама има водство за Скопје против шампионот на Автокоманда
СледноМалески пред утрешниот меч во Куманово: Респект за Башкими, ама Струга ТЛ оди на победа