ВМФЛ: Бод за Беласица, бод за Пелистер…

124
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Во последниот меч од 7.коло во ВМФЛ, вечерва во Струмица под светлоста на рефлекторите, Беласица и Пелистер одиграа 0:0. Па така и двете екипи мораа да се задоволат само со по еден освоен бод. Искрено не заслужија повеќе, ако се знае дека се очекуваше подобар, поквалитетен меч, но и за едните и за другите најважно беше да не се загуби.

Инаку интересно вечерва беше во Струмица. Во исто време во салата“Парк“ играа кошаркарите на Струмица и Пелистер, а на растојание помало од 100 метри, на стадионот “Младост“, силите ги одмерија фудбалерите на Беласица и Пелистер.

ТАБЕЛА

Охрид 16, Работнички (-1) 15, Пелистер 15, Брера (-1) 14, Беласица 11, Македонија ЃП 10, Камјани 10, Тетекс 9, Детонит 8, Кожуф 8, Новаци 7, Еуромилк 5, Осогово 3, Шкупи 0.

ПретходноНесторовски со два гола го предводеше Славен до победа над Риека
СледноМилан запрен во Реџо Емилија, Сасуоло му одзеде бод на фаворитот