Во последниот меч од 7.коло во ВМФЛ, вечерва во Струмица под светлоста на рефлекторите, Беласица и Пелистер одиграа 0:0. Па така и двете екипи мораа да се задоволат само со по еден освоен бод. Искрено не заслужија повеќе, ако се знае дека се очекуваше подобар, поквалитетен меч, но и за едните и за другите најважно беше да не се загуби.
Инаку интересно вечерва беше во Струмица. Во исто време во салата“Парк“ играа кошаркарите на Струмица и Пелистер, а на растојание помало од 100 метри, на стадионот “Младост“, силите ги одмерија фудбалерите на Беласица и Пелистер.
ТАБЕЛА
Охрид 16, Работнички (-1) 15, Пелистер 15, Брера (-1) 14, Беласица 11, Македонија ЃП 10, Камјани 10, Тетекс 9, Детонит 8, Кожуф 8, Новаци 7, Еуромилк 5, Осогово 3, Шкупи 0.










