Савичевиќ: Струмица има млад тим, кој не смее да се потцени

62
Фото: КК Пелистер

Денеска со натпреварот помеѓу Струмица и Пелистер ќе биде комплетирано второто коло во Супер-лигата. Битолчани го имаат стартот што го посакуваа, го победија ТФТ на домашен терен, па сега ќе го бараат вториот триумф. .

Битолчани се фаворити, но најавија дека немаат намера да потценат никого. Атмосферата е на високо ниво и ќе одиграат максимално во Струмица.

„Атмосферата во тимот е на високо ниво после победата на првиот натпревар од сезоната. Работиме напорно и максимално фокусирано за нашиот следен натпревар против Струмица. Се работи за нов млад тим во Суперлигата, но никако не смее да ги потцениме“, изјави Лука Савичевиќ, кој заедно со своите соиграчи сакаат да го остават Пелистер во друштво на МЗТ Скопје и Работнички, два тима кои имаат две победи во исто толку одиграни натпревари.

Струмичани оваа сезона се вратија во елитата после долго време, тие во првото коло на домашен терен беа совладани од Работнички. Мечот е закажан со почеток во 17 часот.

ПретходноИлоски не застанува, нов гол и нова победа на Филаделфија (ВИДЕО)
СледноВремиња убави, времиња минати! Една деценија од тој легендарен 11 Октомври (ВИДЕО)