Сосиедад водеше со 3:0, на крај ја спасуваше победата

29
ФОТО:facebook.com/RealSociedadFutbol/

Сосиедад – Ла Коруња 3:2 е исходот од попладневниот меч од 8.коло во Ла Лига. И тоа како беше интересно на “Аноета“ во Сан Себастијан. Имено домашните подобро го отворија натпреварот, па така со головите на Мартин во 29.минута и Закаријан во 34.минута поведоа со “сигурни“ 2:0. И во второто полувреме домашните продолжија со истиот ритам, па така во 54.минута Гудес зголеми на 3:0.

И кога се чинеше дека тука е решен овој натпревар, така не мислеа гостите. Сориано и Хернандез за само осум минту, 61. и 69.минута намалија на 3:2. До крајот на мечот Ла Коруња имаше свои шанси, но сепак на крајот трите бода останаа во Сан Себастијан.

ПретходноГолчишта во Серија А – “бомба“ на Таварес, “ножички“ на Орсолини и победи на Лацио и Болоња (ВИДЕО)
СледноКрај на сагата: Португалија објави кога го очекува враќањето на Роналдо во репрезентацијата!