ПМФЛ полувреме: Тетовци водат на Чаир по првиот дел (ВИДЕО)

81

На стартот на денешната ПМФЛ програма, се игра дербито помеѓу двете Шкендии, Арачиново и Тетово, а пак мечот се игра на Чаир.

По првиот дел, Шкендија Тетово води со 0:1, откако домашниот голман Столевски остро реагираше во сопствениот шеснаесетник.

Главниот судија Качевски досуди удар од единаесет метри, а сигурен реализатор беше Красничи.

И покрај очајната состојба на теренот на стадионот на Чаир, сепак, и двата тима имаа по неколку ситуации за гол.

ПретходноБезеки најбрз во Индонезија
СледноКарик: Го разбирам разочарувањето на навивачите