Денешната ПМФЛ програма стартуваше со дерби мечот одигран на Чаир во Скопје, помеѓу екипите на Шкендија од Арачиново како домаќин и Шкендија од Тетово како актуелен лидер на конкуренцијата.
Мечот заврши 1:1, во услови кои се реално не подносливи. Состојбата на теренот од стадионот на Чаир, со оглед на врежите во главниот град, се во моментов ужасни, и сериозен фудбал овде реално не може да се игра. Како и да е, двата тима дадоа се од себе, имаа шанси, реализираа и ги поделија бодовите.

Столевски прави прекршок, Красниќи реализира пенал
Првиот дел од овој меч го одбележа грешката на домашниот голман Столевски кој што лошо реагираше при една ситуација и направи пенал. Во 30. минута сигурен реализатор Красниќи.

Симоновски како во најдобрите времиња
Во второто полувреме домаќинот се обиде да дојде до позитива и за негова среќа успеа во тоа. Искусниот Марко Симоновски одлично изреагира на една топка во петерецот на тетовци и погоди во мрежата на Гаје. До крајот Шкендија Тетово имаше иницијатива, се обиде да дојде до трите бода но не успеа во тоа.
















